Утрински Весник
Македонија

Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Македонија е втора бугарска држава

Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Македонија е втора бугарска држава
300x250 (7)

Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов на отворањето на Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско езеро.

dobivaj vesti na viber

– Се разбира, Македонија е втора бугарска држава. Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата. Јас ви велам, ли како да се чувствувате? Зошто тогаш на луѓето тука кои сакаат да се чувствуваат како Бугари им забранувате така да се чувствувааат? Со вас зборувам еден ист јазик, се разбираме. Јас немам против да чувствувате како Македонци – рече тој.

Ss1

Во центарот на Скопје Костадинов и неколкумина негови колеги од партијата ја негираа македонската посебност и историскиот факт дека тогашна фашистичка Бугарија не окупирала, а не не ослободила како што сметаат тие.

– Бугарија и македонија воделе војна, кога било тоа? Имавте ли држава во Втората светска војна? Дајте ми документи каде што има окупациј. Тука се создадени комитети кои ги пречекале бугарските војски. Кој ги избрка германските војски, нашите војски ве ослободиле.
Документите тоа го велат.

На прашањето дали има одговорност и дали треба да се извини за неговите изјави што среде Скопје вели дека Македонија е Бугарска, тој рече дека не сака да лаже.

– Зошто да се извинувам, не ме терајте да лажам. Некои од вас мислат дека се Македонци, други не мислат така. Не се 3.500 Бугари, туку повеќе. Има многу граѓани со со бугарски пасоши. Да си ја зборуваме вистината. Бугарија и Македонија кои треба да бидат една, еден народ кој треба да биде од Црно Море до Охридско езеро. Не се чувствувам во туѓа земја и затоа не сметам дека тоа ќе биде окупација. – рече Костадинов.

Орце Костов

Ss1

Можете да прочитате

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

ДИК: Гласањето е мирно на сите избирачки места, до 13 часот гласале 26,35 отсто граѓани