Утрински Весник
Спорт

Фантастичниот говор на саудискиот селектор Ренар: Одете да се фотографирате со Меси!

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Селекторот на Саудиска Арабија, Ерв Ренар, имаше инспиративен говор на полувремето на дуелот со Аргентина обвинувајќи ги своите фудбалери дека сакаат да се фотографираат со Лионел Меси, што беше доволно тие да го кренат нивото и од 1:0 негатива, да стигнат до славна 2:1 победа.

dobivaj vesti na viber

Францускиот тренер, кој претходно беше селектор и на Замбија, Ангола, Брегот на Слоновата Коска и на Мароко, сметаше дека неговите фудбалери покажале премногу почит кон Меси и го праша што прават на СП.

„Кога Меси ја има топката во средината на теренот, стоите вака пред одбраната. Извадете го телефонот, фотографирајте со со него ако сакате. Тој ја има топката. Ти си пред нивната одбрана. Нема никој! Видовте што направивте? Зарем не верувате дека можеме да се вратиме? Не чувствувате? Тие играат опуштено. Ајде! Ајде момци, ова е Светско првенство. Дајте го максимумот“, вели Ренар во говорот.

Саудијците утре играат со Полска во второто коло, а Аргентина има клучен меч со Мексико.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале