Утрински Весник
Балкан

Бугарскиот Парламент забрани „промоција“ на ЛГБТК во училиштата

20240808072741 Big 730x400 49.webp.webp

Бугарскиот парламент синоќа усвои измени на својот закон за образование, проширувајќи го својот опсег за забрана на ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски.

Амандманот на законот – предложен од проруската партија Преродба – усвоен беше со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 против и 12 воздржани.

Законот сега забранува „пропаганда, унапредување или поттикнување на каков било начин, директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или родов идентитет различен од биолошкиот“.

Пратениците гласаа и за посебен текст кој ја дефинира „нетрадиционалната сексуална ориентација“ како „различна од општоприфатените и воспоставени поими во бугарската правна традиција за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол“.

Невладината организација за права Бугарскиот Хелсиншки комитет (БХЦ) ги повика пратениците да не ги усвојуваат измените, тврдат дека тие ги „кршат основните човекови права“.

Членката на ЕУ, Бугарија, исто така, одбива да ја ратификува Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените.

Во 2021 година, Унгарија исто така донесе сличен закон, со кој се забранува „промоција“ на ЛГБТК на малолетници.

Можете да прочитате

Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат

Радев: Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија

Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на Тоше