Утрински Весник
Свет

Белата куќа не била информирана за украинскиот напад во Курската област

Bela Ku A.webp.webp

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, синоќа на брифинг за новинарите изјави дека администрацијата на САД не била информирана за украинската воена операција во Курската област, теритприја на Русија. Таа изјави и дека САД „ќе продолжат да се фокусираат на обезбедување сè што е потребно“ Украинците да се заштитат од руската агресија.

Од Белата куќа и Стејт департментот дојде потврда дека Соединетите Држави не ја промениле својата политика во однос на користењето на американско оружје од страна на Украина за напади на цели на територијата на Русија.

Вашингтон е во контакт со украинските власти во врска со акциите на украинските вооружени сили на територијата на Курската област. Претставникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, не даде деталите за акциите на украинските вооружени сили во Курската област, насочувајќи ги тие прашања кон вооружените сили на Украина.

-Секако, ние ќе направиме сè за (Украинците) да имаат сè што е потребно да се заштитат. И, исто така, би сакал да додадам дека ништо не е променето во нашата политика во однос на дозволување или охрабрување на напади (со користење на американско оружје) внатре во Русија, надвор од (Украина)“, додаде Кирби.

Тој потсети дека во минатото САД веќе им дозволиле на Украинците да користат вооружување против „непосредни закани веднаш преку границата.

“Официјалниот претставник на Стејт департментот, Метју Милер, на прес-брифингот синоќа рече дека САД се во контакт со украинските власти во врска со нивните акции во Курската област, но Киев не го информирал Вашингтон за оваа воена операција.

Според него, Украина обично „не не информира за своите точни акции пред да ги спроведе.

“Тој додаде дека САД ѝ обезбедуваат на Украина оружје и консултации, „но кога станува збор за дневната борбена тактика која ја спроведуваат, за дневните удари. . . тие треба самите да ги донесат тие одлуки. 

Можете да прочитате

Хорор во зоолошка градина во Романија: Тигар го уби чуварот

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона