Утрински Весник
Култура

Бугарската писателка Оља Стојанова Џакова на книжевна резиденција во Скопје

Бугарската писателка Оља Стојанова Џакова на книжевна резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во октомври престојува писателката од Бугарија, Оља Стојанова Џакова.

dobivaj vesti na viber

Во текот на својот резиденцијален престој, Оља Стојанова Џакова ќе настапи на книжевниот фестивал „Букстар“, каде што заедно со писателот и режисер Петер Денчев ќе биде дел од настанот „Нова бугарска книжевност“, а исто така ќе учествува и на читањето што во рамки на фестивалот ќе се одржи во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во текот на октомври, Стојанова Џакова ќе има можност подобро да се запознае со македонската книжевна сцена, остварувајќи средби со писатели, преведувачи и уредници од Македонија.

Оља Стојанова Џакова (1977) е прозаистка, поетеса и драмска писателка. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Софија, каде што и докторирала на тема од областа на новинарството и масовната култура. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги добила наградите „Николај Канчев“ и „Иван Николов“ за најдобра збирка поезија. За драмите „Покана за вечера“ и „Бојата на длабоките води“ ја добила наградата „Аскер“ за најдобар драмски текст. Работи како новинар во Бугарското национално радио.

Резиденцијалниот престој на Оља Стојанова Џакова во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“