Утрински Весник
Економија

Британија се откажува од даночните намалувања за најбогатите

Британија воведе нови санкции против Русија, на удар 92 поединци и организации
300x250 (7)

Британскиот министер за финансии Кваси Квартенг најави дека владата се откажува од намалувањето на даноците за најбогатите и рече дека покажува дека ги разбира и ги слуша своите граѓани и дека нема намера да поднесе оставка, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„ Нема да ја укинеме даночната стапка од 45 проценти. Разбравме, послушавме“, објави Квартенг во изјавата на Твитер. Финансискиот план што владата на премиерката Лиз Трус го усвои пред десет дена предизвика шок на финансиските пазари и ја потона фунтата.

300x250 (7)

„ Ова ќе ни овозможи да се фокусираме на спроведувањето на главните елементи од нашиот план за раст. Пред сè, на ограничување на цените на енергијата“, рече министерот, како што пренесува агенцијата АФП.

Лиз Трус, која стана премиер на почетокот на септември, и нејзиниот министер за финансии Кваси Квартенг на 23 септември објавија голем план за помош на енергетскиот сектор за домаќинствата, заедно со големи даночни намалувања.

Тие најавија и други даночни намалувања, но нивната одлука да ги намалат даноците за најбогатите беше особено нападната, поради што беа критикувани за фаворизирање на богатите во време на зголемени трошоци во Обединетото Кралство.

Банката на Англија итно интервенираше минатата недела со програма од 65 милијарди фунти за стабилизирање на девизниот курс што се закануваше со колапс на пензиските фондови. На прашањето на Би-Би-Си дали размислува за оставка, министерот за финансии категорично ја отфрли таквата можност.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk