Утрински Весник
Магазин

Брус Спрингстин ги одложи сите концерти поради здравствени проблеми

Брус Спрингстин ги одложи сите концерти поради здравствени проблеми

Брус Спрингстин ги одложи сите концерти закажани за оваа година.

dobivaj vesti na viber

Поп-рок легендата (74) имал чир на желудникот.

„Брус Спрингстин полека заздравува откако му беше дијагностициран чир на желудникот. Закрепнувањето ќе продолжи под медицински надзор до крајот на оваа година. Имајќи го ова на ум и поради потребната претпазливост, сите преостанати настапи во рамки на турнејата на Спрингстин и на ‘Е-стрит бенд’ за 2023 година ќе бидат одложени за 2024 година,“ беше објавено на неговата официјална веб-страница.

„Сите концерти ќе се одржат на закажаните места, а откако ќе бидат објавени новите датуми, оние кои купиле влезници имаат рок од 30 дена да побараат враќање на парите. Сите билети за одложените концерти ќе важат и за ново-објавените термини.“

Музичарот првично ги одложи концертите за септември, но се чини дека ќе му треба повеќе време да закрепне од болеста. Турнејата, што ја започна во Северна Америка минатиот месец, требаше да трае до средината на декември.

Брус Спрингстин на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска, на 11 јули.

Можете да прочитате

Што треба да направите за јагодите да бидат свежи и до три недели

Протести во Малме пред вечерашното финале на Евровизија

Холандскиот претставник дисквалификуван од финалната вечер на Евросонг