Утрински Весник
Свет

Британското разузнавање: Русите трпат големи загуби а се расправаат за шишање и бричење

Британското разузнавање: Русите трпат големи загуби а се расправаат за шишање и бричење

Британското Министерство за одбрана, користејќи информации од своите разузнавачи и луѓе од терен, пишува дека генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија, кој директно ја презеде командата со трупите во Украина, вовел промени во руската армија.

dobivaj vesti na viber

Британците пишуваат дека војниците почнале да внимаваат да се носи само пропишаната униформа, да се избегнува патување со цивилни возила и користење на мобилни телефони.

Исто така, пишуваат Британците, важно е да се внимава каква фризура имаат војниците.

Но, не се одвива сè без проблеми, сметаат Британците. Мерките, како што пишуваат медиумите во регионот, беа дочекани со скептични повратни информации. Противниците на ваквите промени, велат Британците, главно се потсмеваат со обидите да се стандардизира бричењето на војниците.

Некои функционери од Доњецк, се наведува понатаму, велат дека тоа е фарса што го кочи процесот на уништување на непријателот. Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, исто така го критикуваше военото раководство, велејќи дека „војната е време на активните и храбрите, а не на гладните“.

Во меѓувреме, според написите, руските сили се уште се блокирани во Украина, не напредуваат, а во исто време претрпуваат големи загуби. Затоа, инсистирањето на Герасимов на овие неклучни работи веројатно ќе ги потврди стравувањата на неговите многубројни скептици во Русија, сметаат Британците.

Заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, тој се повеќе се смета за недопирлив и фокусиран на презентацијата наместо на содржината, додаваат на крајот.

Можете да прочитате

(Видео) Масовна тепачка на жени во авион

Убиена американска политичарка, ФБИ покрена итна истрага

Помпео: Путин немаше да ја нападне Украина доколку Трамп сè уште беше претседател