Утрински Весник
Спорт

Ожие победи во Монте Карло и го урна рекордот на Себастијан Леб

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Французинот Себастиен Ожие (39) во Тојота Јарис победи на релито Монте Карло по рекорден деветти пат. Со оваа трака беше отворена новата сезона на Светскиот рели шампионат.

dobivaj vesti na viber

Ожие со овој триумф го урна рекордот на сонародникот и деветкратен светски шампион Себастијан Леб, кој осум пати славеше во Монте Карло.

Ss1

За Ожие, инаку осумкратен светски шампион, ја забележа 56. победа во кариерата.

Ожие и неговиот совозач Винсент Ландаис победија на девет од 18. брзински тестови, а актуелниот светски шампион Фин Кале Рованпера (Тојота Јарис) го освои второто место со 18,8 секунди заостанување. Трет беше Белгиецот Тиери Нојвил, кој вози за Хјундаи со заостанување од 44,6 секунди.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале