Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ нема да ја толерира ескалацијата на Косово

Борел: Договорите постигнати меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Унијата е многу вознемирена поради ситуацијата на северот на Косово и апсењето на Србите без правна основа.

dobivaj vesti na viber

„Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово – апсењето на косовските Срби без правна основа и маршот на косовските безбедносни сили низ Јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија“, напиша Борел на Твитер.

„И покрај вчерашната кризна средба, ескалацијата продолжува и станува опасна, нема да ја толерираме“, изјави шефот на европската дипломатија.

Можете да прочитате

Трамп: Бајден помилува луѓе виновни за многу тешки злосторства

Бајден превентивно помилуваше пет члена од неговото семејство

Трамп ќе прогласи вонредна состојба на јужната граница и само два пола – машки и женски