Утрински Весник
Економија

Богоев: Економските политики даваат резултат, просечната плата расте и во време на криза

Богоев: Економските политики даваат резултат, просечната плата расте и во време на криза

За СДСМ, секогаш најважни биле интересите на граѓаните и тоа го покажуваме и за време на оваа светска економска криза кога преку конкретни мерки го штитиме стандардот на граѓаните, истакна потпретседателот Стефан Богоев на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината“, која се одржа во Зрновци.

dobivaj vesti na viber

Богоев порача дека растот на минималната и на просечната плата, растот на пензиите и на пакет-помошта кон граѓаните се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

,,Денеска излезе податокот дека просечната плата во септември оваа година изнесува 32.553 денари, што над 12 отсто повеќе отколку истиот месец лани. Тоа делумно се должи и на зголемувањето на минималната плата на 18.000, што го направивме во март оваа година. Покрај платите, растат и пензиите, само за неколку месеци од март до септември пензиите ги зголемивме 10 отсто, а со двата пакет-мерки обезбедивме над 750 милиони евра помош за граѓаните и компаниите“, порача Богоев.

Потпретседателот Богоев истакна дека светската криза покажа колку е важно домашното земјоделско производство и затоа СДСМ преку Владата и Министерството постојано презема мерки за поддршка на земјоделците.

,,И во оваа кризна година ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците. Подготвен е нов модел на субвенционирање, кој ќе биде повеќе правичен, а првпат субвенциите кон земјоделците ќе се исплаќаат авансно за да ги имаат парите тогаш кога им се најпотребни“, порача Богоев од Зрновци.

Можете да прочитате

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки