Утрински Весник
Свет

Во Мексико пронајдени 53 торби со човечки останки

Во Мексико пронајдени 53 торби со човечки останки

Во Мексико се откриени 53 вреќи полни со човечки останки, кои биле закопани на импровизирани гробишта.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Њујорк пост“, страшното откритие е направено кога било забележано куче како трча низ градот со човечка тупаница во устата.

Импровизираните гробишта беа пронајдени на крајот на минатиот месец за време на фестивалот „Ел Сервантино“ во Гуанахуато, сојузна држава Мексико, каде што наркокартелите често имаат конфронтации на улица, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Кога во градот Ирапуато било видено куче со дел од човечка рака во устата, жителите почнале да бараат индиции што ќе ги доведат до местото каде што животното се фатило за раката.

Бибијана Мендоза, организаторката на групата што трага по голем број исчезнати лица за време на расчистувањето на картелот, вели дека на почетокот мислела оти е бескорисно да се копа и да се бараат тела.

Но, таа бргу сфати дека не е така. Еден од исчезнатите е и брат ѝ.

„Додека луѓето од целиот свет славеа на фестивалот ‘Сервантино’, ние ги ископувавме телата“, изјави таа за АФП.

Гуанахуато се смета за најнасилна држава во Мексико – оваа година до септември таму беа убиени 2.400 луѓе, а 3.000 од нив исчезнаа.

Жителите што работат со група форензичари од крајот на октомври ископале 53 вреќи со човечки останки, кои се обидуваат да ги идентификуваат, пишува „Дејли мејл“.

Можете да прочитате

Канада му кажа на Израел дека конфликтот со Иран не смее да се прошири во регионот

Њујорк: Двајца полицајци загинаа во престрелка

Советник на ИРГЦ: Иран нема да покаже воздржаност доколку „непријателската агресија“ ги премине црвените линии