Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Анкета на Евротинк – 50% задоволство од управни служби за време на Спасовски, 20% задоволство за време на Тошковски

Bo macaliev mitko scaled.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев за време на работната посета на Кочани, беше запрашан во врска со изјавата на министерот Тошковски за пристигањето на нови обрасци за промена на личните документи на граѓаните.

„Тоа зборува за неговата политичка култура и слободно деморкатско општество сме, секој може да каже што сака. Јас би се надоврзал дека зборувам само со факти. Факт е дека во мандатот на министерот Спасовски граѓаните се сликаа и ги добиваа документите за 15 дена. Факт е дека за време на министерот Тошковски граѓаните ги добиваат своите документи за два и пол месеци, факт е дека тоа го призна и министерот Тошковски во своја изјава. Факт е дека последната анкета на Евротинк говори дека во мандатот на Спасовски граѓаните конкретно од управни служби биле задоволни над 50%, а последната анкета за време на техничката влада задоволството е 20%. Негово демократско право е како ќе одговори”, рече Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Усвоена Младинска Декларација на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!

СДСМ: Седум дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

Синот на Пендаровски добитник на признание за најдобар студент на ФЕИТ