Утрински Весник
Македонија

Близнаковски: Македонската дијаспора придонесува со една милијарда евра годишно во македонскиот буџет преку парите што ги добиваат нивните семејства тука

Slobodan Bliznakovski.png
300x250 (7)

Ние имаме некои проценки дека имаме околу 700.000 иселеници со македонски патни исправи, од нив околу 400.000 се втора или трета генерација, сите тие придонесуваат за пополнување на македонскиот буџет, рече во интервју за Слободен печат, Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво.

„Да не заборавиме, буџетот на државата е околу 5,4 милијарди евра, 20% од нив, или една милијарда придонесуваат македонските иселеници. Тоа значи дека тие придонесуваат за стабилноста на македонскиот денар и на македонската економија и затоа ние треба поголемо внимание да обрнеме кон иселениците“ рече Близнаковски.

Ss1

Во однос на мотивите на бојкот од страна на македонската дијаспора на последниот попис, Близнаковски посочи дека одговор за тоа треба да даде поглаварот на МПЦ и две опозициски партии кои повикувале пописот да се бојкотира.

„Одредени личности треба да дадат отчет зошто повикаа на бојкот, а посебно Архиепископот на МПЦ“ рече Близнаковски.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: „Битолски весник“ – пирејот на демократските и културните процеси

Акумулацијата Градче порибена со 185 кг подмладок на крап

Лукаревска: СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет