Утрински Весник
Македонија

Битиќи: ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести, денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу

Img 5708.jpeg

“ВМРО – МВРО никогаш повеќе. Пред неколку дена ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести. Денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу, новинарот кој ги разоткри“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој запраша што е следно од ВМРО-ДПМНЕ, тепање студенти во библиотека, да влезат насилно во Собранието ако не им се допаднат изборните резултати, да прислушуваат илјадници граѓани, да направат војна или пак нов Мартин Нешковски или нов Кежаровски.

Режимот на ВМРО-МВРО денеска повторно го гледаме на дело. Мораме да бидеме будни и одлучни во нашата решеност да се спротивставиме на секое враќање на тиранијата и угнетувањето на наследниците на Груевски, кои сега се вдомени во Белата палата на најбогатата партија во Европа“ напиша Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година, според Индексот на слобода на медиуми, Македонија беше рангирана на 118 место во светот, додека во 2023 година се наоѓа на 38 место.

Можете да прочитате

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани