Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Едно општество не е закана по идентитетот, туку шанса за промоција на исклучителната единственост на секој еден

Битиќи: Едно општество не е закана по идентитетот, туку шанса за промоција на исклучителната единственост на секој еден
Ss2

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се обрати на отворањето на 11-тата научна меѓународна конференција на тема „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој и туризмот, поврзани со новите кризи“, што се одржува во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Подготвувајќи се за оваа конференција мислев што да кажам јас денеска додека стојам тука пред вас. Фатмир кој е Албанец во Македонија, студирал во Албанија, се вратил во својата татковина, работел долги години во граѓански сектор на важни општествени теми како помирување, кохезија, развој. Фатмир кој сите овие важни општествени процеси ги препознал во политичка партија која не е од неговата националност, туку е доминантно македонска партија и кому оваа партија му ја дала довербата да може да служи. А кому, за која кауза? Зарем тоа не е постојано прашањето? Одговорот за мене е лесен. Да им служам на луѓето, на моите сограѓани, на сите подеднакво. Зарем немаме сите исти потреби, желби и соништа, стравови, среќа и тага? Зар е важно во кој храм ја кажуваш потребата на твојата душа, кога е искрена? Низ сите мои години живот, борејќи се со сите предрасуди и поделби, со некои од нив и се уште, научив дека против нив не можеш. Затоа што против, еден спроти друг, значи конфликт”, изјави Битиќи.

300x250 (7)

Тој додаде дека денешните модерни општества се соочуваат со многу комплексни предизвици кои бараат брза прилагодливост, но и повеќесекторско или интердисциплинарно делување. Одржливиот економскиот развој, заштитата на животната средина, грижата за човековите права и многу други сегменти не можат успешно да се адресираат само од една страна и еден актер, било да е тоа Владата, граѓанскиот сектор или бизнисите туку бара здружено заедничко делување и партнерски однос.

„Кон крајот на минатиот век, светот почна да зборува за нов феномен, оној на глобализацијата. Глобализацијата е третирана од различни перспективи и секој што зборува на оваа тема ја дефинира според сопствената перспектива и на тој начин дава идеи за можните предизвици кои ја придружуваат во културата, економијата, и идентитетот. Но, она што јас го гледам во глобализацијата не е закана од искоренување на јасното ЈАС, туку шанса за соработка меѓу народите, запознавање, толеранција и промоција на исклучителната единственост на секој еден, шанса да се запознаеме, а со тоа и да се почитуваме. Затоа мораме да продолжиме да работиме за нашето едно општество во чија основа е токму тоа, искрена намера да го запознаеме и цениме другиот и да создадеме безбеден простор да е свој и да добие шанса каква што посакуваме и за себе. Само така вистински ќе го ко-креираме нашето – Едно општество за сите. Да живееме, работиме, развиваме – блиску, едни покрај други”, изјав Битиќи.

Ss1

Можете да прочитате

Маск пристигна во Кина – 24info.mk

Пендаровски: Нашата понуда гарантира дека Македонија ќе оди напред

Маричиќ: Единствено стабилен СДСМ може да спречи старо-нов режим