Утрински Весник
Македонија

Притвор за скопјанецот што ја силуваше поранешната девојка

Приведено лице од Скопје, осудено на 13 години затвор

24-годишен скопјанец провалил во станот на поранешната девојка и ја силувал.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В. Б. (24) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело силување.

На 13.1.2023, во 20.45 часот, пријавениот В. Б. со употреба на сила извршил обљуба врз 22-годишна девојка од Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единица за насилен криминал при СВР Скопје.

В. Б. е приведен и против него до надлежното обвинителство е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Можете да прочитате

Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати

6.932 прекршоци од возачи на мопеди и мотоцикли, МВР со засилени контроли

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци