Утрински Весник
Свет

Бербок: Путин не сака да преговара

Berbok 1.webp.webp
Ss2

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара.

– Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара, изјави Бербок за медиумската група „Функе“.

Ss1

Шефицата на германската дипломатија оцени дека ќе има незамисливи последици доколку Украина биде поразена во војната.

– Човештвото мора да победи, истакна Бербок, додавајќи дека безбедноста на Европа и меѓународниот поредок ќе бидат загрозени доколку Русија ја победи Украина.

– Поддршката на Украина е наша сопствена гаранција за безбедност, смета Бербок.

Сепак, таа ја отфрли можноста за испраќање европски копнени трупи во Украина.

Според Бербок, целта на Путин е да го уништи постоењето на Украина како независна, слободна земја и да го вовлече НАТО во војна.

– Од самиот почеток јасно ставивме до знаење дека тоа никогаш нема да го дозволиме, рече таа. 

Ss1

Можете да прочитате

Орбан: Западот е на чекор од испраќање воени единици во Украина, Брисел си игра со оган

Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“

Пленковиќ и Мицотакис можни наследници на Фон дер Лајен