Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бендавска: Имаме пораст на претставките за дискриминација од речиси 290% во 2022 година

Бендавска: Имаме пораст на претставките за дискриминација од речиси 290% во 2022 година
Img 7972

Со геометриска прогресија пораснал бројот на претставки што ги добила Комисијата за заштита од дискриминација во 2022 година во споредба со 2021 година. Комисијата денес го презентираше годишниот извештај за работата во 2022 година, втората година по формирањето.

dobivaj vesti na viber

„Кога многумина сметаа дека нашата борба наликува на борба со ветерници, како колективно тело покажавме и докажавме дека кога се сака со посветеност, со енергија и огромна одговорност, ние успеавме да ја изградиме оваа институција буквално од нула. Иако во 2021 година почнавме без простории, опрема и кадровски потенцијал, денес ќе говориме за нашата реализација во 2022 година. Денес сме веќе етаблирана институција која и покрај хроничниот недостиг од кадровски и финансиски потенцијал, постигнува резултати. Доказ за тоа е фактот дека бројот на поднесени претставки пред Комисијата енормно расте, со геометриска прогресија. Од 86 претставки поднесени во 2021 година бројот нарасна на 248 во 2022 година. Тоа е пораст од речиси 290 % и тоа е најголемиот доказ дека довербата на граѓаните во оваа институција секојдневно расте“, рече Весна Бендевска, членка на Комисијата пред денешната презентација на извештајот за работењето.

Зголемениот број претставки за неа е показател дека Комисијата е на вистински пат да ја реализира стратешка цел и визија – да биде препознаена како релевантен, кредибилен чинител во демократизација на општеството во борбата против дискриминацијата на секој граѓанин без оглед на различностите.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму