Утрински Весник
Свет

Бела куќа: САД не ја поддржуваат големата офанзива на Израел на Рафа

Bela kuca.jpg

Белата куќа денеска објави дека нема да поддржи ниту еден израелски план за голема воена операција на крајниот југ на Појасот Газа, во градот Рафа, додека државниот секретар Ентони Блинкен отворено изјави дека САД се загрижени поради таквите операции.

Денеска израелските сили ги бомбардираа областите околу Рафа, каде што голем број Палестинци се преселија за да избегаат од израелската офанзива.

-Секоја голема воена операција во Рафа во овој момент, под овие услови, каде што има повеќе од милион, веројатно милион ипол Палестинци, кои бараат засолниште, без сомнение, би била катастрофа, а ние не go поддржуваме тоа – изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“