Утрински Весник
Македонија

Азири: Таравари не најде време да се сретне со нас, ставот го објави на фејсбук

IMG

Елми Азири потпретседател на Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села во емисијата 24 анализа рече дека има институции кои треба да ги разрешат физичките партиски пресметки. Во Алијансата имаше во последно време една екскомуникација од страна претседателот со структурата на партијата.

– Во тој период, претседателот имаше секојдневни средби со други политички чинители од т.н. албанска опозиција, со политички претставници надвор од државата, но не најде време да се сретне со нас. Ние неколку пати повикувавме да ги повика сите органи на партијата на разговор за сите случувања во овој предизборен период. Тој реши преку фејсбук да објави дека земал став како Алијанса за Албанците да делуваат на следните парламентрани избори. Како резултат на тоа, претседателот на Собранието на партијата Зијадин Села, повикувајќи се на статутарните одредби, свика Централно собрание кое ќе се одржи в сабота во Скопје. Формално, Таравари се уште е претседател на Алијансата. Во ноември, централното претседателство гласаше став за самостојно настапување на изборите и за тоа гласаше и Таравари – рече Азири.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија