Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Европскиот дух и желбата на граѓаните да ја видат земјата во ЕУ не прави оптимисти

Bitici.jpg

Европскиот фронт, односно европскиот дух и желбата на 2/3 од населението да ја види земјата интегрирана во ЕУ не прави оптимисти, следната влада ќе ја предводи СДСМ, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска во интервју за Алсат М Телевизија.

-Сега, после многу години ми се чини дека некаде во 2008 година за последен пат имаме толку јасна поделба на блокови, опозиција-позиција и во албанскиот блок. Ние не правиме компромиси со идеологијата и духот на евроинтеграциите. Решени сме, нашата иднина е во ЕУ и ќе направиме се што е потребно на овој пат. Политичките партии кои сметаат дека е добро да се биде дел од владата за да се постигнат само краткорочните цели отколку оваа наша среднорочна цел затоа што долгорочната цел на оваа држава е да биде место во кое сите сакаат да живеат, среднорочна цел е интеграција во ЕУ, тука нема да има компромис со СДСМ, така што би рекол дека политичките партии што оделе напред-назад е нивна лична одлука, рече Битиќи.

Зборувајќи за случувањата во Алијанса Битиќи рече дека претседателот на Алијанса јасно кажа дека е приврзан со опозицискиот блок и тоа беше иницијално поглавје на сите настани во овој период.

-Знам што ќе правиме ние како СДСМ, ќе гласаме согласно предлогот. Ние ја поддржавме техничката влада, го поддржавме претставникот на техничката влада затоа што нашиот пат е многу јасен. Можеби за разлика од многу лидери на политички партии, ние ја сакаме оваа земја и оваа држава малку повеќе од другите, бидејќи гласавме и за техничката влада со министрите на ВМРО-ДПМНЕ, додека ВМРО се воздржуваше од гласање, рече Битиќи.

Можете да прочитате

Хоџа иницира редовен дијалог со граѓанските организации за животна средина

Муцунски се сретна со бугарската колешка, Велислава Петрова

Тетовец украл електричен тротинет – 24info.mk