Утрински Весник
Економија

Бектеши: Покрај платите ги зголемуваме и пензиите за 8,4 отсто

Бектеши: Покрај платите ги зголемуваме и пензиите за 8,4 отсто

По Одлуката за зголемување на минималната плата на 20.175 денари или 12%, согласно одлуката на Владата од март 2022 година со новата методологија за усогласување на пензиите, пензиите и во март ќе се зголемат за 8,4., информира министерот за економија, Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

„Законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува нов начин на усогласување на пензиите, при што при пресметката на пензиското усогласување се земаат предвид зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. Ова метода дава можност и за реално зголемување на пензиите во однос на платите, па со зголемувањето на просечната плата пензиите ќе продолжат да растат“, вели тој.

Според него, усогласувањето на пензиите во март според методологијата ќе се зголеми за 8,4% (покачување на платите 6,1% и зголемување на трошоците за живот 10,6%), со што просечната пензија ќе се зголеми од 17.666 на 19.150 денари.

 

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден