Утрински Весник
Македонија

Бегајќи од полиција излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Приведени криумчари на мигранти
Ss2

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил превезувале десет лица мигранти од Сирија.

dobivaj vesti na viber

Според информациите се работи за М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово. А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ..

Ss1

Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ss1

Можете да прочитате

Граѓаните ќе можат готовите лични документи да ги подигнат и денес

Седми претседателски избори од независноста на државата

Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд