Утрински Весник
Спорт

Барса победи, Чави бара судиите да ги остават да играат фудбал !

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона победи на гостувањето против Алавес (3:1) во рамките од 23. коло во Ла Лигата. Барселона ја продолжи одличната серија на гостувањата без пораз, со шест победи и пет нерешени во досегашните 11 натпревари, но Чави повторно имаше причина да биде незадоволен од судењето откако Витор Роке заработи црвен картон. Исклучувањето на младиот голгетер на Барса, кој влезе од клупатан за резерви, постигна гол и беше исклучен. Втор жолт картон доби Роке и беше предвреме испратен во соблекувалната. Оваа одлука во најмала рака е дискутабилна, бидејќи фудбалерот на Алавес беше тој што стартуваше опасно (со отворен ѓон), но бидејќи стануваше збор за втор жолт картон немаше простор за ВАР-реакција и Барса мораше да ги одигра последните дваесетина минути со фудбалер помалку на теренот. -Немам што да кажам, сите видовте. Плаќаме за случајот Негреира, сега сме жртви на судиите, тоа е реалноста, така се чувствувам по секој натпревар. Веќе нема да зборувам за судењето, но барам само една работа – оставете да играме фудбал, да се натпреваруваме, изјави Чави.

Можете да прочитате

Роналдо за непристоен потег два меч се сели на трибините

Роденденска победа со историски трипл -дабл за Дончиќ

Исланѓанецот Сигурдсон нов тренер на хрватските ракометари