Утрински Весник
Македонија

„Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекцијата не увиде корупција кај него

Серија мастеркласи на Милчо Манчевски на универизтетот во Аризона

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа.

dobivaj vesti na viber

„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.

Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор.

Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.

Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.

Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура.

Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022).

Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.

Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година,  се вели во демантот.

 

Тие ја повикуваат Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваат да отвори истрага против нив“,

Можете да прочитате

Советот на Европа бара од Владата детални информации за апсењето на Фуркан Салиу 

Јакимовски за ВМРО-ДПМНЕ: Вакви лажговци и измамници оваа држава не памети, дома глумат патриоти а надвор коленичат и ветуваат дека ќе го сменат Уставот

Владата го задолжи МВР да достави комплетна информација за случајот со новинарот Фуркан Салиу