Утрински Весник
Спорт

Баерн не блеска, но победува кога е најпотребно

Баерн не блеска, но победува кога е најпотребно

Фудбалерите на Баерн Минхен направија голем чекор кон шампионската титула во Бундес лигата. Во рамките на 31. коло, Баерн како гостин го совлада Вердер со 2:1. Со натпревар повеќе од Борусија Дортмунд, Баерн сега на првото место има четири бода повеќе од најголемиот конкурент во трката за титулата.

dobivaj vesti na viber

Навивачите на Борусија Дортмунд цел час се надеваа дека Баерн може да испушти бодови во Бремен. Но, во 62. минута Серж Гнабри на асистенција на Мусијала го постигна водечкиот гол, а точка на натпреварот стави Сане 11 минути подоцна.

Почесниот гол за Вердер го постигна Шмит во 87.минута.

Избраниците на Томас Тухел и овој пат не блескаа, но ја остварија целта, освоија три бода и го префрлија притисокот кај играчите на Борусија.

„Милионерите“, утре ќе го пречекаат Волфсбург.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ падна на четвртото место на АТП листата, Синер останува на врвот

Пандев бара оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана

Ново засилување – Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар