Утрински Весник
Скопје

Меџити: Ветувањето станува реалност, започнува реконструкцијата на „Мит’хат Фрашери”, еден од клучните инфраструктурни проекти за Чаир

Img 6843.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беа на терен на делницата каде следната недела ќе започнат работите за реконструкција на булеварот „Мит’хат Фрашери”, еден од клучните инфраструктурни проекти за Чаир. Точките за реализација на проектот се веќе поставени и сè е подготвено за почеток на работите.

Проектот опфаќа делница долга над 1,4 километри, од улицата „Џон Кенеди” до булеварите „Словенија” и „Босна и Херцеговина”. Булеварот ќе има четири сообраќајни ленти, тротоари, велосипедска инфраструктура, атмосферска канализација и ново јавно осветлување, со што значително ќе се подобри сообраќајот и ќе се модернизира инфраструктурата во овој дел од општината.

„Еден по еден, ги реализираме проектите што ги ветивме за Чаир. Следната недела започнува реконструкцијата на булеварот ‘Мит’хат Фрашери’, еден од клучните инфраструктурни проекти за нашата општина. Станува збор за голем проект кој значително ќе ги подобри сообраќајот и инфраструктурата во овој дел од Чаир. Ветувањата ги претвораме во конкретни дела и ќе продолжиме проект по проект, сè до целосно исполнување на нашите обврски кон граѓаните”, изјави Меџити.

Реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери” е дел од големите инфраструктурни инвестиции што се реализираат во Чаир, со цел модернизација на патната мрежа, олеснување на сообраќајот и создавање пофункционална и современа инфраструктура за граѓаните.

Можете да прочитате

Вечерва започнува AERO Street Food Festival

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје

„Карпош станa сцена“: 20.000 посети на „Карпошово културно лето 2026“