Утрински Весник
Економија

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

Whatsapp image 2025 02 18 at 09.44.04.jpeg

Соопштение на Левица:

Додека европските градови како Загреб и Берлин воведуваат високи даноци за недвижности кои не служат за домување и преземаат чекори за враќање на големиот станбен фонд во јавна сопственост, Владата на ДПМНЕ со својот либерален пристап им ја отвора вратата на инвестициските фондови да трупаат станови и да заработуваат милиони. Додека крупниот капитал купува стотици станови како инвестиција, граѓаните се заглавуваат во доживотни кредити за да обезбедат еден единствен дом.


Данската инвестициска група „Ваексткапитал” купила 250 станови во изградба во Скопје, со најавена цел бројката да достигне најмалку 1.000. При претпоставени 50 квадратни метри по стан и цена од 2.000 евра по квадрат, тоа би значело портфолио вредно околу 100 милиони евра. Додека еден фонд може да акумулира илјада станови, илјадници семејства не можат да обезбедат ниту еден.

За едно семејство, педесет квадрати се дом, сигурност и децении отплаќање кредит. За инвестициски фонд, тие се само бројка во портфолио. Ова не наликува на нормален пазар, туку на систем во кој државата го штити капиталот што трупа имот, додека граѓаните ги остава сами пред прескапите кредити и недостапните кирии.

Потребни се итни и конкретни мерки: јавно и достапно станбено домување, прогресивно оданочување на големите портфолија и празните станови, ограничување на шпекулативното купување, правила за краткорочно изнајмување и целосна транспарентност за концентрацијата на станбената сопственост.

Колку илјади станови треба да се соберат во рацете на малкумина за ДПМНЕ конечно да сфати дека граѓаните не бараат луксуз, туку покрив над глава? Домувањето е основно право, а власта што го претвора во привилегија за богатите мора да одговара.

Можете да прочитате

Бакарот станува стратешки ресурс за светската економија – Иловица е дел од минералниот потенцијал на Македонија

Потпишана Националната програма за достоинствена работа 2026 – 2030

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните