Утрински Весник
Свет

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Ba Den.webp.webp
Ss2

– Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша новиот пакет воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и другите сојузници на САД, нагласувајќи дека Вашингтон ќе започне да испраќа нова помош за Киев за неколку часа.

,,Штотуку го потпишав пакетот за национална безбедност што беше усвоен од Претставничкиот дом овој викенд, а вчера од Сенатот“, рече Бајден.

Ss1

Тој додаде дека ќе се „погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа”, јавија американските медиуми.

„Ова е голем ден за светскиот мир. Овој закон ќе ги направи Америка и светот побезбедни“, рече претседателот по потпишувањето на законот.

„Украина е способна да победи“, додаде Бајден.

Ss1

Можете да прочитате

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател

Во Мексико телата на исчезнатите туристи се пронајдени на дно во бунар