Утрински Весник
Македонија

КОНЕЧНО НАЈАВА ЗА СТАБИЛНО, СУВО И ПРОЛЕТНО ТОПЛО ВРЕМЕ: Во петок, како и за викендот доаѓа стабилизација на времето

Messenger Creation 7ebaf7c0 3f09 486f A390 Dace98ee126b.jpeg
Ss2

По утрешниот нов влажен воздушен бран кој ќе ни донесе нови врнежи и повторно малку пониски температури, сепак во петок, како и за време на викендот конечно можеме да очекуваме многу постабилно и релативно суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова би можело да има сосема мали исклучоци каде би се појавиле сосема локализирани и краткотрајни врнежи од дожд (ништо сериозно).

И во Скопје  по утрешните повремени врнежи од дожд, во петок, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, сончево и суво со мала до умерена локална облачност.

Img 5587

За време на овие денови ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, малку посвежо утро очекуваме во петок кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 7 степени, додека потоа тие ќе бележат тенденција на пораст. 

Максималните дневни температури на воздухот пак повторно ќе бидат во пораст и во петок како и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Ss1

Можете да прочитате

Од полноќ почнува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Во мај уште еден продолжен викенд