Утрински Весник
Македонија

Автомобил излета од патот кај Пробиштип, 28-годишниот возач тешко повреден

Policija 3 1.jpg

На 05.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Стрмош, патничко возило „опел антара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пробиштип, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Можете да прочитате

Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик, уверува Сали

Возел пијан и излетал од патот, млад охриѓанец тешко повреден

Левица ја презема улогата на ЗНАМ, велат од СДСМ