Утрински Весник
Спорт

Арсенал на лето го купува Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Арсенал на лето го купува Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Англискиот премиерлигаш Арсенал се надева дека ова лето ќе може да дојде до услугите на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Тој е една од желбите на менаџерот Микел Артета, но досега обидите да биде ангажиран пропаѓаа поради огромните финансиски барања на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

dobivaj vesti na viber

Лацио бараше 100 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, но сега „Газета Дело Спорт“ тврди дека неговата цена ќе биде двојно помала.

Договорот на Србинот истекува за една година, а тој не сака да ја продолжи соработката.

Арсенал се надева дека ќе успее да го купи Сергеј Милинковиќ-Савиќ за сума од околу 50 милиони евра.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами