Утрински Весник
Спорт

Арсенал го „уништија“ Палас и „избегаа“ на +8!

Арсенал го „уништија“ Палас и „избегаа“ на +8!

Арсенал направија предност од 8 поени на врвот на премиерлигашката табела, откако во лондонското дерби го декласираа Кристал палас со 4:1, останувајќи на голема предност пред интернационалната пауза. „Топчиите“ на Микел Артета се соземаа по елиминацијата во Лига Европа и сега имаат 69 поени, осум пред Манчестер сити, кои имаат натпревар помалку.

dobivaj vesti na viber

Габриел Мартинели го отвори резултатот во 28. минута од мечот, пред Букајо Сака во 43. минута да го удвои водството пред полувремето. Сака е единствениот играч во Премиерлигата со над 10 гола и 10 асистенции оваа сезона. Гранит Џака во 55. минута од мечот зголеми на 3:0, пред Џефри Шлуп да намали на 3:1 во 68. минута, за Сака да го постигне и вториот гол во 74. минута за супериорна победа.

Палас, кои оваа недела го отпуштија тренерот Патрик Виера, сега имаат четири порази во низа и се на 12. место на табелата со 27 поени.

Можете да прочитате

Зинченко благодарен на Уфа, но не сака ниту да го спомене името Русија

Како пилешкото кари ја „десеткуваше“ холандската репрезентација

Англиските играчи шокирани од изведбата на нивната химна