Утрински Весник
Спорт

Аргентина е огромен фаворит против Австралија, но од Саудијците доби лекција никого да не потценува

Аргентина е огромен фаворит против Австралија, но од Саудијците доби лекција никого да не потценува

Репрезентациите на Аргентина и Австралија вечерва се соочат меѓусебе во второто осминафиналето на СП 2022. Натпреварот се игра на стадионот „Ахмед бин Али“ со почеток од 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Аргентинците се меѓу големите фаворити за трофејот на турнирот кој им бега од 1986 година. Успешно ја надминаа групната фаза и денеска се надеваат дека ќе направат уште еден чекор кон трофејот. „Гаучосите“ доживеаја шокантен пораз од Саудиска Арабија со 1:2 во првиот натпревар на Светското првенство во Катар.

Сепак, следеа две победи со по 2:0 против Мексико и против Полска, со што го освоија првото место во групата Ц. Предводени од нивната суперѕвезда Лионел Меси, „гаучосите“ играат подобро со секој нареден натпревар и сега се сметаат за големи фаворити против денешниот ривал Австралија, но веќе знаат дека нема простор за потценување на овој шампионат.

Австралија дефинитивно е едно од пријатните изненадувања на овој Мундијал. Тие беа сметани како аутсајдери во групата Д, но сепак завршија на второто место за да го обезбедат само вториот настап во осминафиналето на турнирите, претходниот беше во 2006 година.

„Кенгурите“ стартуваа со тежок пораз (1:4) против актуелниот светски првак Франција. Сепак, тие потоа ја зацврстија одбраната и остварија тесни победи од 1:0 над Тунис и над Данска.

Во австралискиот тим нема големи ѕвезди, но тие ќе се потпрат на тимскиот дух за да можат да направат уште едно изненадување и да елиминираат еден од главните претенденти за шампионската титула на СП.

Победникот од ова осминафинале во следната фаза ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Холандија и САД.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона