Утрински Весник
Свет

Естонија купува американски ракетни системи ХИМАРС

Естонија купува американски ракетни системи ХИМАРС

Естонија, членка на НАТО, го потпиша најголемиот договор за оружје во својата историја, а тоа е купување на шест напредни системи за лансирање ракети од Соединетите држави. Оваа балтичка држава, која граничи со Русија, вчера финализираше зделка вредна повеќе од 200 милиони долари, соопшти денеска естонскиот инвестициски центар за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Испораката на првиот високомобилен артилериско-ракетен систем (HIMARS) е планирана за 2024 година, а договорот вклучува и ракети со дострел до 300 километри. Руската инвазија на Украина во Естонија се смета за закана за националната безбедност, што ја натера владата да ги зголеми воените трошоци во следните четири години на 2,5 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за да ги надгради своите вооружени сили.

Другите две балтички држави, Летонија и Литванија, имаат намера да купат ракетни системи ХИМАРС. Соединетите Американски Држави претходно ја снабдуваа Украина со тие системи.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот