Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа

Apasiev.webp.webp

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во објава на Фејсбук порача дека семејното насилство треба да се казнува построго од обичното насилство, нагласувајќи дека основната функција на семејството е да обезбеди заштита и сигурност.

„Како што дрска кражба се казнува повеќе од обична, а убиство со умисла повеќе од убиство на миг, така и семејното насилство треба да се казнува повеќе, а не помалку од обично насилство – затоа што една од основните функции на семејството е заштитната“, напиша Апасиев.


Тој го поставува и прашањето за безбедноста на жртвите во случаи кога насилството се случува во домот, потенцирајќи дека заштитата е доведена во прашање кога насилството доаѓа од најблиските.

Апасиев повика на итна и, како што наведува, „радикална реформа“ на центрите за социјална работа, оценувајќи дека тие се заостанати и исполнети со нестручни партиски кадри.

Според него, институциите мора итно да се реформираат со цел поефикасна заштита на жртвите и поефективно справување со случаите на семејно насилство.

Можете да прочитате

Кулминира топлотниот бран во Македонија, многу топло и преку ден и навечер

СДСМ: Додека Гостивар пие загадена вода, ВМРО-ДПМНЕ со бизнис зделка од 100.000 евра за набавка на флаширана вода

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива