Утрински Весник
Македонија

„Сите за Палестина“ денеска одржува протест пред МНР

Protest pred mnr.webp.jpeg

Во вторник во 12:00 часот, „Сите за Палестина” ја повикува јавноста на мирен протест пред зградата на МНР, во солидарност со палестинскиот народ и со сите луѓе директно нападнати од израел и сад во изминатите денови.

„Оваа недела израел и сад убија над 100 девојчиња во училиште во Иран, изведувајќи безобразни напади додека траат „преговори за мир”. Во меѓувреме, го затворија преминот Рафах, преку кој се евакуираат најтешко повредените, болните и изнемоштените Палестинци, и направија стотици прекршувања на меѓународното право.


Македонија има ратификувано бројни меѓународни договори и конвенции за заштита на човековите права и почитување на меѓународното право. Со поддршката на овие напади, државата ги прекршува сопствените обврски преземени пред меѓународната заедница.

Вазалската политика што се радува на смртта на цивили, жени и деца, уште еднаш, во наше име, поддржува војна и уништување. Ова мора да запре. Придружете ни се“ велат од Иницијативата.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс