Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Не е во ред ова што ни го направи Ла Лига

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти е бесен на одлуката на Ла Лига неовиот тим да игра против Мајорка утре во 14 часот, неполни 72 часа по натпреварот против Валенсија.

dobivaj vesti na viber

„Едер Милитао и Карим Бензема нема да бидат во составот, но тие ќе патуваат со нас на Светското клупско првенство. Не сме задоволни… Не е во ред да играме помалку од 72 часа по последниот натпревар. Не е во ред да играме во 14 часот, но ќе играме затоа што мораме“, рече Анчелоти на прес-конференцијата пред овој натпревар.

„Нема да има ротацији во тимот, ќе игра тимот што мислам дека ќе биде најдобар против Мајорка и кој ќе ни донесе победа, било со Модриќ и Крос или без нив. Сакаме да одиме на Светското клупско првенство во добро расположение“.

Анчелоти го пофали Дани Себаљос, фудбалер кој блеска во последно време и поради кој Модриќ игра помалку.

„Многу добро му оди. Има многу квалитети, самодоверба, во најдобра форма е. Се надевам дека ќе продолжи вака“.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами