Утрински Весник
Македонија

Алијанса на Таравари против „Безбеден град“

Alijansa za albancitena sela.jpg

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:

Алијанса за Албанците изразува критички став за Законот за прекршоци, во кој е опфатен и проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека актуелната примена на овој проект покренува сериозни правни, социјални и уставни загрижености.

Како прво, Алијанса за Албанците укажува дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот „Safe City”. Ова претставува директно кршење на јазичните права на граѓаните Албанци и е неприфатливо во една мултиетничка држава.

Како второ, бараме ревизија на висината на казните и на делот на толеранција, со цел граѓаните да не бидат неправедно оштетени. Безбедноста во сообраќајот е важна и неопходна, но таа не смее да се врши на сметка на благосостојбата и егзистенцијата на граѓаните, преку непропорционални казни и без социјална чувствителност.

Како трето, Алијанса за Албанците потенцира дека селективната примена на проектот „Safe City” само во неколку градови е неправедна и дискриминаторска. Доколку овој проект има за цел зголемување на јавната безбедност, тогаш тој мора да се спроведува рамноправно на целата територија на државата, а не само во три града.

Алијанса за Албанците бара од надлежните институции итно да ги адресираат овие забелешки, да отворат јавна дебата и да обезбедат секој ваков проект да биде во согласност со законот, еднаквоста и реалниот интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

Анима Мунди бараат напуштањето на кучиња да стане кривично дело

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња