Утрински Весник
Спорт

Алегри добил ултиматум од Јувентус

Алегри добил ултиматум од Јувентус
300x250 (7)

Јувентус е во исклучително лоша ситуација во Серија А. Најуспешниот тим во Италија моментно е само осмопласиран на табелата, а Лигата на шампионите ја почна со два пораза.

dobivaj vesti na viber

Пред заминувањето на паузата „бјанконерите“ беа поразени од Монца, но по превирањата, претседателот Ањели реши да ја продолжи вербата во Алегри. Сепак, од Италија сега пристигнува информација дека тој ќе има рок од пет натпревари за да ги подобри резултатите на тимот.

Ss1

Алегри наводно добил ултиматум да ги победи двата меча против Макаби во следните две кола во Лигата на шампионите и да освои минимум седум бода во следните три кола од Серија А.

Италијанскиот шампионат Јувентус в недела го очекува средба со Болоња, а потоа дерби-дуели со Милан и со Торино.

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“