Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните
300x250 (7)

СДСМ, пратеничката група и претседателот Димитар Ковачевски подаваат рака за сите коишто се подготвени да ги надминат своите теснопартиски интереси, да работат за граѓаните и да дадат свој придонес во оваа насока, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Премиерот Ковачевски, парламентарното мнозинсто и коалицијата којашто ја предводи се целосно посветени и работат на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, за помош на стопанството, обезбедување на храна, енергенси, струја, парно, на се она што е потребно во пресрет на тешката зима.

Ss1

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса во Собранието. Да се откажат од блокадите, деструкциите и кочењето и да ја покажат најавената конструктивност со конкретни чекори. Тоа е одговорно, тоа е државнички и тоа ќе биде во интерес на сите наши граѓани. Се друго е политиканство и во функција на дневната политика и ќе биде препознаено, велат од СДСМ.

Тие очекуваат оваа најавена конструктивност да се преточи во поддршка на европскиот пат на државата и сите потребни чекори за успешно, брзо и ефикасно завршување на преговорите за полноправно члество во ЕУ.

Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и за стратешките интереси на земјата.

Граѓаните очекуваат работа и резултати. За дуели, дебати и политички препукувања има време, се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Седми претседателски избори од независноста на државата

Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти