Утрински Весник
Свет

Зеленски: Силно ќе одговориме ако Русија ги анектира сите четири региони

Зеленски: Силно ќе одговориме ако Русија ги анектира сите четири региони

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја предупреди Русија дека следи „многу остар“ одговор од Киев доколку Москва анектира четири украински региони по референдумите одржани на тие територии.

dobivaj vesti na viber

Изјавата на Кабинетот на Зеленски по телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Марио Драги не се однесува на утрешната церемонија на која рускиот претседател Владимир Путин ќе потпише документи со кои се прогласува руска анексија на четири украински региони, објави Ројтерс.

„Гласовите се безвредни и не ја менуваат реалноста. Територијалниот интегритет на Украина ќе биде обновен. А нашата реакција на признавањето на резултатите од Русија ќе биде многу остра“, рече украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Нетанјаху одобри нова рунда преговори за примирје во Газа

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа