Метео анализа на Славчо Попоски:
Викендот кој доаѓа, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран од Африка кој ќе услови нов значителен пораст на тмпературите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, со појава на мала локална облачност.
Сепак во недела, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.
Уживајте во прекрасното време и правите планови за викендот кој доаѓа уште од сега, поради тоа што временските услови ќе бидат многу поволни за прошетка, или пак за скара во природа.