Утрински Весник
Свет

CNN, MSNOW и Политико поради забраната најавија тужба против администрацијата на Трамп

Belata Kuka.jpg

Телевизиските мрежи Си-ен-ен, (CNN) и Ем-ес Нау (MSNOW) и на порталот Политико соопштија дека ќе поднесат тужба против администрацијата на Доналд Трамп за да ги заштитат нивните права по Првиот амандман на Уставот на САД, по најавите на американскиот претседател дека ќе им биде забранет пристап во Белата куќа.

Тужбата ќе биде поднесена до Окружниот суд на САД за Дистрикт Колумбија, а како што наведе Си-ен-ен, итните рочишта би можеле да се одржат неделава.


Трамп на 18 септември соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на Си-ен-ен, Ем-Ес Нау и на Политико. Тој на „Трут соушл“ забраната веднаш стапува во сила поради нивното континуирано ширење лажни вести. Трамп најави дека ќе бидат забранети и други медиуми „кои шират лажни информации“. 

Можете да прочитате

Израелски министер: Нашата мисија во Иран не е завршена

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја

Индонезијците протестираат против центрите за податоци: „Немаме вода“