Утрински Весник
Македонија

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Policzija soobrakajka.jpg

Малолетен пешак од Скопје е тешко повреден во сообраќајна незгода што попладнево се случила на улицата „Славеј Планина“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, незгодата се случила денеска (27 септември) околу 16 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (25), и малолетен пешак од Скопје.


Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди. Со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани повредите.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки полицијата го одзела возилото поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против 25-годишниот возач ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување