Утрински Весник
Магазин

Актерот по ракот и короната: Бев болен скоро две години, сето тоа ми изгледаше како сон

Актерот по ракот и короната: Бев болен скоро две години, сето тоа ми изгледаше како сон

Новата ТВ серија на Џеф Бриџис – „Старецот“ сè уште беше во продукција кога на актерот му беше дијагностициран лимфом. Веста ја доби во 2020 година за време на пауза од снимањето поради пандемијата што доведе до, како што вели, двегодишна „здравствена авантура“.

dobivaj vesti na viber

„Заболев од рак и отидов на хемотерапија, а згора на тоа и ковид. А хемотерапијата ми го уништи имунитетот, па имав прилично тешка верзија на ковид – изјави ветеранот на филмот.

„Бев болен скоро две години и сето тоа ми изгледаше како сон“ – рекол тој.

Ѕвездата, која глуми од 1951 година и е позната по улогите во филмовите Big Lebowski, Crazy Heart и The Fisher King, вели дека и покрај месеците поминати во болница, се обидел да се фокусира на најдоброто од ситуацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)

„Не е се лошо, имаше убави делови од болеста, сосема неочекувани, како што е чувството на сета таа љубов од семејството и пријателите и од другите луѓе ширум светот. Беше тоа неочекувано, прекрасно чувство, како и љубовта што на некој начин ми ја инспирираше. Си реков: „О, да, ова е животот, ова е прекрасно“, и сè стана некако хиперскапоцено за тоа време“ – објаснува тој.

Во јануари 2021 година, Бриџис сподели охрабрувачки вести за неговиот рак, велејќи им на обожавателите дека неговиот тумор „драматично се намалил“.

Тој рече дека кога излегол од болница времето поминато во болница му изгледало како сон.

„Го прекинавме снимањето поради пандемијата и паузиравме неколку месеци во кои започна мојата здравствена авантура. А потоа две години подоцна се вратив на работа и тоа беше најбизарното чувство – како да имавме долг викенд и едвај чекав да им кажам на пријателите за мојот сон: бев болен, бев во болница. знаеш, се беше како сон“ – рекол Џеф.

Оскаровецот (72) вели дека сега се чувствува одлично и дека е среќен што ја промовира својата серија, изјави тој за Sky News.

Можете да прочитате

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд