Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски: Жртвата на бранителите е завет во херојското делување на секој припадник на безбедносните институции

(Видео) Спасовски: Жртвата на бранителите е завет во херојското делување на секој припадник на безбедносните институции
300x250 (7)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР, во малата сала „Борис Трајковски“, го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Спасовски на почетокот од своето обраќање, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи оддаде почит на загинатите припадници од редовите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, кон нивните семејства и кон нивната непроценлива херојска жртва, вткаена во темелите на нашата татковина.

300x250 (7)

„Тука сме и да испратиме јасна порака дека нивната жртва, не само што ќе остане во колективната меморија на нашата држава и државност, туку е и ќе биде пример, своевиден завет во професионалното делување на секој припадник на безбедносните институции на нашата држава”, порача министерот Спасовски, нагласувајќи дека меморијалниот и традиционален спортски фудбалски турнир „Херои на Македонија“ посветен, пред сѐ, на споменот на загинатите колеги, има возвишена хумана цел – преку зближувањето, преку средбите и преку спортскиот карактер, да го направи сеќавањето на хероите трајно, бесмртно.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски ја изрази својата длабока почит кон семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, како и кон меморијалната манифестација, а на натпреварувачите на завршниот турнир им посака успех и победа на најдобриот.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби