Утрински Весник
Економија

АФПЗРР: Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на повеќе мерки од програмата за директни плаќања.

dobivaj vesti na viber

188 корисници се исплатени со финансиска поддршка во висина од 17,5 милиони денари за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури за кои е употребен сертифициран семенски материјал, а пријавената површина е од 5 до 50 хектари. Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси, и тоа: 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, ‘рж и овес и 1.500 кг/ха за сончоглед.

Извршена е исплата и за мерката за производство на говедско месо за кои се исплатени 1,4 милион денари за 131 корисник. Корисници на оваа мерка се огледувачите на говеда, кои имаат минимум 30 говеда обележани и евидентирани во регистарот за одгледувачници на говеда. Висината на директните плаќања е 1.500 денари и се исплаќа за женско говедо, кое е на возраст од 12 до 24 месеци, на 31.10.2021 година.

2.837 одгледувачи на овци добија финансиска поддршка од 103 милиони денари за задржано женско јагне. Висината на поддршката е 1.000 денари од говедо и се исплаќа за женско јагне кое на 31.10.2021 година е на возраст од 6 до 18 месеци.

Исто така, исплатена е и финансиската поддршка за задржано женско јагне во висина од 13,7 милиони денари за 1.540 одгледувачи на кози. Висината на поддршката е 1.000 денари за говедо и се исплаќа за женско јаре, кое на 31.10.2021 година е на возраст од 6 до 18 месеци.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во март 44 763 денари, во однос на лани повисока за 10.5 проценти

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи силен инвестициски циклус

Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора