Утрински Весник
Македонија

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија

Drzavna bolnica vlatko.jpg

Несекојдневен случај е регистриран во Велешко, каде што 61-годишна жена била касната од пајак од видот црна вдовица додека работела во поле во велешкото село Еловец.

По каснувањето, жената почувствувала силни болки во раката и грбот, а набргу се појавиле и вртоглавица и грчеви низ целото тело. Поради сериозноста на симптомите, таа била донесена во Ургентниот центар во Велес, каде лекарите веднаш ѝ укажале медицинска помош.

По консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, било одлучено пациентката да биде префрлена во главниот град за понатамошно лекување и следење на нејзината здравствена состојба.

Пајакот кој ја каснал жената бил донесен и во болницата, а лекарите потврдиле дека станува збор за црна вдовица.

Од велешката болница посочуваат дека не паметат ваков случај во последните четири децении.

Црната вдовица може да се сретне во карпестите предели на Велешко. Нејзиниот отров содржи силен невротоксин, а каснувањето може да предизвика интензивна болка, мускулни грчеви, потење, мачнина и други симптоми кои бараат медицинска проценка и третман.

Можете да прочитате

М-НАВ прво ја одбил, па следниот ден ја одобрил 7 милионската позајмица

Се гасне пожарот во селата во Општина Студеничани

Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот, нашата позиција е јасна